СОБРАНИЕТО НЕ ГИ ИЗГЛАСА ЗАКОНИТЕ ЗА СЈО И ЗА ЗАШТИТА НА СВЕДОЦИТЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СОБРАНИЕТО НЕ ГИ ИЗГЛАСА ЗАКОНИТЕ ЗА СЈО И ЗА ЗАШТИТА НА СВЕДОЦИТЕ

    Законот за заштита на сведоците на СЈО и Измените на Законот за СЈО за продолжување на мандатот на ова обвинителтво, предложени од пратеничката група на СДСМ не поминаа во Собранието, бидејќи пратениците од ВМРО-ДПМНЕ гласаа против.
    За Законот за заштита на сведоците гласаа пратениците од ДУИ, но не сите, оние осуммина кои беа присутни на денешната седница, а поддршка за продолжување на мандатот на СЈО дадоа четворица пратеници од ДУИ. Од независните пратенички Љубица Буралиева гласаше „за“, а Солза Грчева и Роза Топузовка – Каревска не гласаа.
    Пратеникот Петре Шилегов од СДСМ претходно ги повика колегите од владејачкото мнозинство да гласаат според војата совест, бидејќи, како што рече, во интерес на ВМРО-ДПМНЕ е нивниот лидер и експремиер Никола Груевски да докаже дали имало странски служби кои прислушувале во Македонија, жолти комбиња, чадори, дали земал кинески провизии за автопатиштата или не земал, дали началникот на УБК намерно ја уништил опремата или не. За потребата од продолжување на мандатот на СЈО, рече дека нелогично е Обвинителство кое истражува кривични дела за злоупотреба на службената положба и овластувањата, кои застаруваат за 10 години, да имаат пократок мандат од периодот на застарување на овие дела.
    Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски, подоцна на прес-конференција објасни дека коалиција За подобра Македонија не гласала за двата предлога, бидејќи „од страна на СЈО Собранието беше наречено нелегитимно, не беше доставен финансиски извештај за трошење на повеќе од 60 милиони денари и поради недоаѓањето на специјалната обвинителка Катица Јанева во Собранието да го одбрани извештајот“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира