СОМНИТЕЛЕН КУФЕР ОСТАВЕН КАЈ СЕДИШТЕТО НА ВМРО-ДПМНЕ ВО СКОПЈЕ, ЕВАКУИРАНИ ВРАБОТЕНИТЕ ОД ОКОЛНИТЕ ОБЈЕКТИ

    СОМНИТЕЛЕН КУФЕР ОСТАВЕН КАЈ СЕДИШТЕТО НА ВМРО-ДПМНЕ ВО СКОПЈЕ, ЕВАКУИРАНИ ВРАБОТЕНИТЕ ОД ОКОЛНИТЕ ОБЈЕКТИПред зградата во моментов има голем број луѓе кои се евакуираат и полиција. (Фото: СДК.МК)

    Поради сомнителен куфер оставен на Плоштадот  ВМРО, каде е седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во строгиот центар на Скопје, евакуирани се сите околни згради. Вработените од Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), кое се наоѓа веднаш до белата палата на ВМРО-ДПМНЕ, за САКАМДАКАЖАМ.МК изјавија дека им било речено веднаш да ја напуштат зградата поради закана за бомба.

    Од Министерството за внатрешни работи ни изјавија дека денеска во 12.55 часот лице од обезбедувањето на ЈП Државни патишта (ЈПДП) пријавило дека на видео надзор пред канцелариите на Државни патишта на плоштадот ВМРО во Скопје биле забележани две лица како го разгледуваат местото, а едно од лицата оставило куфер.

    „Веднаш по добиената пријава преземени се соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки и утврдено е дека куферот е празен“, додаваат од МВР.

    Пред зградата во моментов има голем број луѓе кои се евакуираат и полиција.

    Од службата за односи со јавност во ЈПДП ни рекоа дека на сите вработени им било речено да ја напуштат зградата, но не кажаа дали станува збор за закана за поставена бомба.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира