СОЊА СИМОВСКА ОД РЕПУБЛИЧКОТО ОБВИНИТЕЛСТВО ЌЕ БИДЕ В.Д. ДРЖАВЕН ОБВИНИТЕЛ ДО ИЗБОРОТ НА НАСЛЕДНИКОТ НА ЈОВЕСКИ

    СОЊА СИМОВСКА ОД РЕПУБЛИЧКОТО ОБВИНИТЕЛСТВО ЌЕ БИДЕ В.Д. ДРЖАВЕН ОБВИНИТЕЛ ДО ИЗБОРОТ НА НАСЛЕДНИКОТ НА ЈОВЕСКИАвтоматски Симовска станува и в.д. член на Советот на јавни обвинители, на местото на Јовески (Фото:СДК.МК)

    Обвинителката од Републичкото јавно обвинителство Соња Симовска е избрана за вршител на должност Јавен обвинител на Македонија, на местото на Љубомир Јовески, кому му заврши мандатот.

    Автоматски таа станува и в.д. член на Советот на јавни обвинители, на местото на Јовески. Таа ќе учествува во давањето мислење од Советот, за тројцата пријавени кандидати за нов Јавен обвинител на Македонија, обвинителите: Фатиме Фетаи, Љупчо Коцевски и Лидија Раичевиќ.

    Симовска треба да го менаџира Обвинителството, до изборот во Собрание на новиот државен обвинител. Процедурата е почната, сега на ред е во следните две недели Советот да испрати мислење до Владата за пријавените тројца кандидати.

    Потоа Владата утврдува еден кандидат и го предлага до Собранието. Ако пратениците не го изгласаат, се повторува огласот, т.е. целата постапка.

    На денешната седница претседателката на Советот на јавни обвинители Душица Димитриеска ја предложи Симовска, а колегите едногласно ја избраа.

    Димитриеска кажа дека Симовска е обвинител кој има долгогодишно искуство, кој е докажан во својата професија како професионалец, и која ги познава состојбите во јавното обвинителство и е способна за менаџирање.

    Димитриеска била прво во ОЈО Скопје, па во Вишото скопско обвинителство, за да биде унапредена во највисокото, Републичкото обвинителство, кое ги застапува обвиненијата пред Врховниот суд на Македонија.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира