СОНК ГО ПРОДОЛЖУВА ШТРАЈКОТ, ЈА ОДБИ ПОНУДАТА ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ ЗА 10%

    СОНК ГО ПРОДОЛЖУВА ШТРАЈКОТ, ЈА ОДБИ ПОНУДАТА ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ ЗА 10%СОНК го почна штрајкот на 11 април (Фото: К. Попов)

    Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) ја одби понудата на Владата и продолжува со генералниот штрајк во градинките и во основните и средните училишта. Претседателот на СОНК, Јаким Неделков, на денешната прес-конференција соопшти дека не ја прифатиле понудата за зголемување на платите за 10%.

    „Донесовме одлука за продолжување на генералниот штрајк и за неприфаќање на понудата на Владата. Над 95% од синдикалните организации ја отфрлија понудата за зголемување на платите за 10%, зашто тоа не соодветствува со зголемувањето на минималната плата во државата и не придонесува за враќање на достоинството на професијата“, кажа Неделков.

    Тој додаде дека членството на СОНК смета дека зголемувањето од 10% не е доволно.

    „Тоа е само изедначување со инфлацијата во државата, а нема усогласување со порастот на минималната плата“, кажа тој.

    СОНК го почна штрајкот на 11 април и Неделков тогаш кажа дека е поддржан од 25.000 вработени во градинките и училиштата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира