СОНК ПРОТЕСТИРАШЕ ПРЕД ВЛАДАТА ЗА ПОГОЛЕМИ ПЛАТИ, К15 И ПРОТИВ ПРИТИСОЦИ НА РАБОТНО МЕСТО

    СОНК ПРОТЕСТИРАШЕ ПРЕД ВЛАДАТА ЗА ПОГОЛЕМИ ПЛАТИ, К15 И ПРОТИВ ПРИТИСОЦИ НА РАБОТНО МЕСТОВо 5 минути до 12 Синдикатот за образование и наука протестираше пред Влада, бидејќи како што велат преку социјален дијалог не можеле да ги остварат своите права (Фото:СДК.МК)

    Синдикатот за образование и наука денес пет минути до дванаесет протестираше Владата со барање да престане притисокот од раководните органи во јавните институции врз работниците, државата да обезбеди пристојна плата и пристојни услови за работа. Од СОНК велат дека во протестот учествуваат 11 грански синдикати кои се здружени во Конфедерацијата на слободни синдикати, кои на 21 декември лани одлучија да протестираат од односот на актуелната власт кон репрезентативните синдикати.

    „Одлучивме да протестираме поради неможноста преку социјален дијалог да ги оствариме нашите социјални барања, како и да го искажеме револт за сè пожестокиот притисок на раководните лица во јавните установи врз синдикалните активисти“, велат од СОНК.

    Синдикалците бараат повисока плата за достоен живот, како и плата усогласена со минималната плата, државата да обезбеди К15 и за работниците од јавниот сектор и поголеми бенефиции преку колективните договор, како и почитување на колективните договори.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира