СОВЕТОТ НА ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ ПРАТИ ЧЕТИРИ ПОЗИТИВНИ МИСЛЕЊА ДО ВЛАДАТА ЗА ИЗБОР НА НОВ ОБВИНИТЕЛ

    СОВЕТОТ НА ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ ПРАТИ ЧЕТИРИ ПОЗИТИВНИ МИСЛЕЊА ДО ВЛАДАТА ЗА ИЗБОР НА НОВ ОБВИНИТЕЛСите петмина кандидати сега одат во Владата како позитивно оценети. (Фото: СДК.МК)

    Седницата на Советот на јавни обвинители на која треба да се даде мислење до Владата за пријавените петмина кандидати за избор на Државен јавен обвинител, почна со исклучување на еден од нив, а тоа беше Владимир Панчевски.

    Членовите на Советот едногласно го исфрлија од списокот зашто не ги исполнувал условите за непрекинат судиски или обвинителски стаж, бидејќи по 13 години работа како судија, тој беше осуден за кривично дело и отслужуваше затворска казна.

    По азбучен ред прво се зборуваше и се гласаше за кандидатката Анита Тополова-Исајловска, актуелна в.д. Обвинителка на Македонија, а потоа и за Лидија Раичевиќ која го води предметот за ваучерите, Ленче Ристоска – обвинителка на „Талир 1” и „Талир 2” и Ненад Савески – единствен судија меѓу кандидатите кој е и поранешен обвинител.

    Членовите на Советот дадоа позитивно мислење за сите нив, освен едно за Раичевиќ, но мнозинството членови неа ја оцени позитивно.

    Кандидатите сега одат во Владата како позитивно оценети. Таа треба да одбере еден од нив и да го предложи пред пратениците во Собранието.

    Само Савески и Ристоска се од Академијата за судии и јавни обвинители. Во излагањето за нив двајца, не можеа да им се дочитаат биографиите и научните трудови и меѓународни правни настапи.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира