СОВЕТОТ НА ОБВИНИТЕЛИ ПРИФАТИ ДА ГО РАЗРЕШИ „ПЕРФЕКТНИОТ“ ЗВРЛЕВСКИ

    СОВЕТОТ НА ОБВИНИТЕЛИ ПРИФАТИ ДА ГО РАЗРЕШИ „ПЕРФЕКТНИОТ“ ЗВРЛЕВСКИСпоред процедурата, Собранието сега треба да го разреши Зврлевски со просто мнозинство од 61 глас, а потоа да распише оглас за избор на нов Јавен обвинител. - Од денешната седница на Советот на јавни обвинители (Фото: СДК.МК)

    Советот на јавни обвинители го прифати барањето на Владата да биде разрешен републичкиот Јавен обвинител Марко Зврлевски.

    Според процедурата, Собранието сега треба да го разреши Зврлевски со просто мнозинство од 61 глас, а потоа да распише оглас за избор на нов Јавен обвинител.

    Владата на 6 јуни одлучи да иницира постапка за разрешување на републичкиот Јавен обвинител Марко Зврлевски и предлогот за разрешување на републичкиот Јавен обвинител поради незаконско и ненавремено извршување на функцијата, согласно законските одредби, го достави до Советот на јавни обвинители на Република Македонија да побара мислење. Наредниот ден, претседателот на Советот на јавни обвинители Петар Аневски рече: „Републичкиот јавен обвинител Марко Зврлевски е перфектен во извршувањето на неговата функција. Немам забелешки на неговото работење”.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира