СПАСОВСКИ НЕ ЗНАЕЛ ЗА НАБАВКАТА НА СОФТВЕРОТ, НО КАЖА ДЕКА ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР МОЖЕ САМ ДА ПРАВИ НАБАВКИ НА СУДЕЊЕТО НА РАШКОВСКИ

    СПАСОВСКИ НЕ ЗНАЕЛ ЗА НАБАВКАТА НА СОФТВЕРОТ, НО КАЖА ДЕКА ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР МОЖЕ САМ ДА ПРАВИ НАБАВКИ НА СУДЕЊЕТО НА РАШКОВСКИСпасовски кажа дека во периодот јуни 2019 - јули 2020 година додека бил министер и технички премиер, на владина седница не било разговарано за набавката на ваков софтвер. (Фото: Влада)

    На денешното судење на поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски за набавката на софтвер за сообраќајни прекршоци сведочеше министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој кажа дека не бил запознаен со набавката, но рече дека генералниот секретар сам ги прави набавките ако тоа е предвидено со Генералниот план.

    Спасовски кажа дека во периодот јуни 2019 – јули 2020 година додека бил министер и технички премиер, на владина седница не било разговарано за набавката на ваков софтвер.

    „Мислам дека не е дискутирано, зашто набавките ги прави генералниот секретар и доколку било предвидено во Генералниот план ги прават сами“, сведочеше Спасовски.

    Според обвинeнието, Рашковски е обвинет за кривичните дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „перење пари и други приноси од казниво дело“ во врска со набавката на софтверот. Обвинети се уште шест лица за „злоупотреба на службена положба и овластување“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира