СПОМЕН-ПЛОЧА ЗА ЉУБОВТА НА ЌЕРКАТА НА ЦАР САМОИЛ КОСАРА И ЦРНОГОРСКИОТ КНЕЗ ВЛАДИМИР ПОСТАВЕНА ВО БАР

    СПОМЕН-ПЛОЧА ЗА ЉУБОВТА НА ЌЕРКАТА НА ЦАР САМОИЛ КОСАРА И ЦРНОГОРСКИОТ КНЕЗ ВЛАДИМИР ПОСТАВЕНА ВО БАРПлочата е подарок од Македонија за Црна Гора и денеска во присуство на претседателите Пендаровски и Ѓукановиќ, беше поставена во паркот кој се реконструира. (Фото: СДК.МК)

    Во паркот „Владимир и Косара“ во Бар, Црна Гора, од денеска е поставена спомен-плоча во знак на љубовта меѓу ќерката на Цар Самоил и црногорскиот кнез. Плочата е подарок од Македонија за Црна Гора и денеска во присуство на претседателите на две земји, Стево Пендаровски и Мило Ѓукановиќ, беше поставена во паркот кој се реконструира.

    Плочата е изработена од склупторот Томе Аџиевски и е во спомен на ликот на црногорскиот кнез Владимир, неговата храброст и човечките идеали, како и легендата за неговата љубов со македонската принцеза Косара, ќерката на цар Самоил, која е опеана во „Летописот на попот Дукљанин“.

    Според легендата, Владимир бил заробен од Цар Самоил и додека бил затворен во него се заљубила Косара. Нивната љубов била толку голема што Цар Самоил мора да ја одобри за да не ја изгуби ќерка си.

    Изработката и поставувањето на плочата е иницијатива на Здружението за македонско-црногорското пријателство и Заедницата на Црногорците во Македонија.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира