Македонија е на 118. место според индексот на слобода на медиумите, на листата за 2016 на угледната организација Репортери без граници, што излезе денеска.
На листата од 180 земји, Македонија со индекс 36.09, е по Катар, а пред Обединети Арапски Емирати. Лани беше на 117 место. Финска, Холандија и Норвешка се на првите три места, со индекс 8.59 односно 8.76.
„Клеветата беше тргната од кривичниот закон во 2012, но тужбите се заменети со граѓански парници со можност за високи парични и затворски казни за новинарите и сопствениците на медиумите. Најмалку 580 парници за клевета се покренати од крајот на 2014, многу од нив против новинари. Како резултат на тоа, повеќе од половината новинари во Македонија велат дека се самоцензурираат, според анкетата на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници“, се вели во образложението за Македонија на Репортери без граници.
СПОРЕД СЛОБОДА НА МЕДИУМИТЕ МАКЕДОНИЈА Е НА 118. МЕСТО ОД 180 ЗЕМЈИ
a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)