Катерина Ставриќ е нов директор на Клиника за детски болести, кажа министерот за здравство Арбен Татавари. Таа доаѓа на место на досегашната директорка Аспазија Софијанова.
Министерот Таравари рече дека денес потпишал десетина решенија за разрешување на досегашните директори на здравствените установи и именување нови.
„Клиниката за педијатрија има нов директор. Баш ми е мило за д-р Ставриќ, која е многу добар лекар. Сменети се директорите на неколку клиники во Скопје, меѓу кои на максилофацијална хирургија , Институтот за трансфузиологија, потоа нов директор има Клиничката болница Битола, општите болници во Велес и Кавадарци”, рече Таравари.
Новите директори Министерството за здравство имињата на новите директори ќе ги соопшти утре.