СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ ОБЈАВИ ДЕКА ОДИ ВО ВТОР КРУГ ВО КАРПОШ, ОЧЕКУВА ПОДДРШКА ОД СИТЕ ОПОЗИЦИСКИ СИЛИ

    СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ ОБЈАВИ ДЕКА ОДИ ВО ВТОР КРУГ ВО КАРПОШ, ОЧЕКУВА ПОДДРШКА ОД СИТЕ ОПОЗИЦИСКИ СИЛИ„Очекувам во вториот круг поддршка од сите опозициски сили“, изјави Јакимовски на вечерашната прес-конференција. (Фото: Фејсбук)

    Актуелниот градоначалник на Општина Карпош и кандидат на коалицијата „Искуство за успех“, Стевчо Јакимовски, објави дека влегува во вториот круг од локалните избори, каде што ќе се соочи со кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски.

    Според првичните резултати, Јакимовски кажа дека неговиот противкандидат има минимална предност од 266 гласа, ситуација која тој ја оцени како „речиси пата-пата“.

    „Јасно е изразена волјата на граѓаните. Гласовите на опозицијата се дупло повеќе во однос на ВМРО-ДПМНЕ. Очекувам во вториот круг поддршка од сите опозициски сили“, изјави Јакимовски на вечерашната прес-конференција.

    Тој им се заблагодари на своите противкандидати Маја Мојсова од СДСМ, Антонио Димитров од Левица и на независната кандидатка Невена Ѓорѓиева за фер кампањата и изрази уверување дека граѓаните на Карпош ќе го изберат достоинството.

    „Карпошани се на пат да си го одберат своето достоинство, да победат резултатите, проектите, знаењето и одговорноста“, додаде Јакимовски.

    Вториот круг ќе се одржи на 2 ноември.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира