Лекот „Трикафта“ е стигнат во државава, потврди за МИА претседателот на Асоцијацијата за цистична фиброза, Фики Гаспар. Според него, лекот пристигнал во земјава во понеделникот, но дека сѐе уште не дистрибуиран до Клиниката за детски болести, бидејќи се чекаат да завршат административните процедури.
„Сега треба да поминат бирократски процедури, царина, одобрување. Но, најверојатно, иако неофицијално, веќе в петок можеби пациентите ќе бидат повикани за примање на самиот лек. До крај на недела би требало да стигне на клиника“, вели Гаспаr, додавајќи дека денеска имале средба со министерот за здравство Фатмир Меџити н разговарале за идните активности.
Пациентите со цистична фиброза уште од 2020 го бараат овој лек, со месеци апелираа и протестираа, барајќи државата да им го обезбеди лекот „трикафта“ со кој значително им се подобрува здравјето.
Претходниот министер за здравство Беким Сали, на 9 февруари кажа дека се обезбедени се 140 милиони денари за лекот „трикафта“ за 8 пациенти со цистична фиброза. Станува збор за буџетски средства наменети за Клиниката за детски болести, каде сумата од 563.504.040 денари се зголемува на 703.504.040 денари, односно за дополнителни 140 милиони денари кажа Сали. Истиот ден, членовите на Асоцијацијата за цистична фиброза пред Владата со едноминутно молчење, свеќи и цвеќе се збогуваа од Благојче Илијевски од Битола, еден од нивните најактивни членови кој почина на 8 февруари.