„Еуролинк осигурување“ додели стипендии на 26 студенти од Правниот факултет „Јустинијан Први“ од Скопје, наменети за покривање на трошоците за кофинансирање. За стипендијата аплицираа студенти на додипломските и на постдипломските студии од сите студиски насоки на Правниот факултет „Јустинијан Први“.
На доделувањето на стипендиите, кое е трето досега, во просториите на „Еуролинк осигурување“, претседателот на Надзорниот одбор Олга Костовска им порача на студентите: „Преземете одговорност за својот живот, правете го тоа несебично и без калкулации бидејќи најчесто во животот жалиме за работите што воопшто не сме ги направиле, а не за оние што сме ги направиле и биле можеби добра лекција и одлично искуство. Бидете луѓе што не жалат, туку луѓе што решаваат проблеми, преземаат иницијативи, поставуваат трендови, кои со насмевка и позитивен став му пристапуваат на секојдневието, бидете луѓе што ќе бидат запаметени”.
Проектот е дел од долгорочната корпоративна платформа „Еуролинк – Вашата врска со вистинските вредности“ во редот на активности со кои се промовираат трајните културни вредности со цел унапредување на уметноста и на културата во земјата.