Новинарите на „360 степени“ Александар Димитриевски и Михаил Милошевски со сторијата „По трагите на Јулија“ ја добија првата награда на ЕУ за истражувачко новинарство за 2025 година. Сторијата е за фалсификуваната диплома по англиски јазик на директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) Бојан Христовски.
Втора наградена сторија е „Украдени животи“ на новинарите Александра Денковска, Сашка Цветковска, Бојан Стојановски, Александар Јанев, Трифун Ситниковски, Давид Илиевски од ИРЛ.
Третонаградени се новинарите на емисијата „Код“, Срѓан Стојанчов и Снежана Лупевска-Созен, за сторијата „Досие Крмзов – епски криминал или обид да му се одземе бизнисот“.
На конкурсот се пријавиле над 200 стории од 120 медиуми од кои 21 биле за криминал и корупција, а преостанатите биле теми од општествено значење.
Во состав на жирито кое ја доделуваше наградата беа новинарите Соња Колевска-Делевска, Огнен Зориќ и Валентин Нешовски експерт за медиуми и комуникации.



