СТОТИНА ДЕЦА ТРЧАА ВО ГРАДСКИ ПАРК ВО СКОПЈЕ ЗА ПОДИГНУВАЊЕ НА СВЕСТА ЗА РЕТКАТА БОЛЕСТ ВИЛСОН

    СТОТИНА ДЕЦА ТРЧАА ВО ГРАДСКИ ПАРК ВО СКОПЈЕ ЗА ПОДИГНУВАЊЕ НА СВЕСТА ЗА РЕТКАТА БОЛЕСТ ВИЛСОНТрадиционално се одржаа три трки: штафетна, детска и трка за миленици.(Фото: К. Попов)

    Стотина деца денеска трчаа во Градскиот парк во Скопје на деветтата хуманитарна трка „Подај рака на лицата со Вилсон“. Традиционално, се одржаа три трки: штафетна, детска и трка за миленици.

    Како што рекоа организаторите од „Вилсон Македонија“, целта на трката е да се подигне свеста на јавноста за Вилсоновата болест, да се поттикне социјална вклученост на лицата кои се соочуваат со оваа ретка болест и да се поттикнат што повеќе луѓе на рекреација.

    „Горди сме што успеавме да се избориме за доедукација на лекари за подобро препознавање и третирање на болеста, обезбедување неопходни лабораториски тестови кои се често недостапни во државава и за поврзување и поддршка на пациенти и семејства кои сигурно во одреден момент, исто како и јас и моите, се чувствувале сами на светов борејќи се со ретка болест. Овие семејства сега веќе не се сами и изолирани“, вели Ања Босилкова-Антовска, заменичка-претседателка на „Вилсон Македонија“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира