СТРАНСКИОТ ИНВЕСТИТОР ЌЕ ДОБИЕ СРЕДСТВА ОД ДРЖАВАТА САМО ПОД УСЛОВ ПЛАТИТЕ ДА СЕ НАД ИЛЈАДА ЕВРА, ВЕЛИ ДИРЕКТОРОТ НА ТИРЗ ДЕСПОТОВСКИ

    СТРАНСКИОТ ИНВЕСТИТОР ЌЕ ДОБИЕ СРЕДСТВА ОД ДРЖАВАТА САМО ПОД УСЛОВ ПЛАТИТЕ ДА СЕ НАД ИЛЈАДА ЕВРА, ВЕЛИ ДИРЕКТОРОТ НА ТИРЗ ДЕСПОТОВСКИДиректорот на ТИРЗ Јован Деспотовски со Инге Звицк, директорка на ЕМАПТА Македонија, и вработени во Емапта. (Фото: ТИРЗ)

    Компанијата ќе добие поддршка од страна на државата преку грант за креирање на нови работни места, во износ од 3.250 евра по работно место, под услов, платата која ќе се исплаќа на овие млади луѓе да биде 50% над државниот просек, кажа директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ) Јован Деспотовски на денешната промоција на инвестицијата на австралиската компанија Емапта во Скопје.

    „Ова значи дека компанијата ќе добие средства од државата за секоја нето плата која што ќе биде повисока од 1.000 евра месечно. Ова е еден од начините како поттикнуваме засилување на раст на платите“, додаде Деспотовски.

    Компанијата за аутсорсинг услуги ќе отвори деловен простор од 6 000 метри квадратни во ТИРЗ Скопје 1 и планира да вработи 850 млади луѓе во наредните пет години или преку 2.500 за една деценија. Како што велат од ТИРЗ, до крајот на инвестицискиот период само за плати компанијата ќе вложи над 15 милиони евра годишно.

    „Овие 30 млади луѓе кои веќе работат во Емапта се дел од оние 1.600 кои во изминатите 12 месеци добија можност да остварат едно од основните човекови права, правото на добро заработување за прстоен живот во рамки на Зоните. Во изминативе три години таа бројка е повеќе од 5.000, во изминативе седум години таа бројка е повеќе од 12 илјади. И ако некој има дилема за учинокот на оваа политичка гарнитура, во делот на странските инвестиции, не треба да има, бидејќи 12.000 нови работни места се искреирани во последните 6 години – тоа е 3 пати повеќе од она што го затекнавме во 2016 година. Дополнително, просечната бруто плата во месец ноември надмина 60.000 денари, што е двојно повеќе од она што го затекнавме“, рече Деспотовски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира