Се одложи судењето на Павле Богоевски, истакнат активист на Шарената револуција, поради технички пропуст во обвинителниот акт.
Шарена револуција денеска протестираше пред Основниот суд Скопје 1 додека нејзиниот активист Павле Богоевски беше во судница за учество во протестите против помилувањата на Ѓорге Иванов во април. Основното јавно Обвинителство на Зврлевски го товари Богоевски за учество во толпа што ќе изврши кривично дело за време на боењето на Министерството за култура на 18 април. За делото следува парична казна или казна затвор до три години.
Судењето е закажано за 14 ноември. Судијката Гордана Спировска кажа дека обвинителката Енџелуше Кадриу Леши од ОЈО Скопје побарала одлагање за да се сослуша техничко лице од Министерството за култура за да се вметне материјалната штета од балоните со боја.