СУДЕЊЕТО НА ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ТРЕТ ПАТ ОДЛОЖЕНО

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СУДЕЊЕТО НА ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ТРЕТ ПАТ ОДЛОЖЕНО

    Основниот суд Скопје 1 денеска трет пат го одложи судењето на активистот на Шарена револуција и кандидат за пратеник на коалицијата предводена од СДСМ, Павле Богоевски, јави агенцијата „Мета“.

    Денеска судењето беше одложено по барање на Сашо Дуковски, адвокатот на обвинетиот Богоевски. Тој соопштил дека од лични причини нема да може да биде присутен на рочиштето.

    Ново рочиште судот закажа за 30 јануари следната година.

    На денешното закажано рочиште, првпат се појави и претставник на Државното правобранителство, а присутен беше и претставник на Министерството за култура.

    Претходното рочиште, кое се одржа на 14 ноември, беше одложено затоа што адвокатот на обвинетиот побара разумен рок да го анализира доказот односно вештачењето од Бирото за судски вештачења за вредноста на предизвиканата штета врз Министерството за култура.

    Седум учесници на демонстрациите на Шарената револуција во Скопје добија кривични пријави од полицијата поради „основан сомнеж дека учествувале во толпа што ќе изврши кривично дело“.

    Кривичните пријави се за протестот на 18 април кога беше боена фасадата на Министерството за култура, за кој МВР вели дека е објект од значајно културно наследство. Полицијата открива дека ги лоцирала напаѓачите со балони со боја од снимен видеоматеријал.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира