СУДЕЊЕТО ЗА РУШЕЊЕТО НА „КОСМОС“ ОДЛОЖЕНО ОТИ ОБВИНЕТА БИЛА НАТЕПАНА НА 1 МАЈ

    СУДЕЊЕТО ЗА РУШЕЊЕТО НА „КОСМОС“ ОДЛОЖЕНО ОТИ ОБВИНЕТА БИЛА НАТЕПАНА НА 1 МАЈСледното рочиште е закажано за 11 јуни. - Обвинетиот Никола Груевски на рочиште за предметот на СЈО „ТНТ“ на 5 април. (Фото: СДК.МК)

    Марика Зафировска, една од обвинетите во предметот на СЈО „ТНТ“ за рушење на објектот „Космос“ на Фијат Цаноски, не дојде на денешното рочиште, бидејќи е на болничко лекување по физичкиот напад на 1 мај. Како што кажа нејзиниот адвокат, таа и сопругот биле нападнати во викендичка во Куманово и приложи лекарска документација.

    Во судницата во Основниот суд Скопје 1 беа присутни другите обвинети: Миле Јанакиески, Никола Груевски и Тони Трајковски, а следното рочиште беше закажано за 11 јуни.

    Претходно на судењето на „ТНТ“, одбраната побара изземање на судиите, но Врховниот суд и Апелацискиот суд Скопје го одбија барањето како неосновано.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира