Судии и вработени во Основниот суд Скопје 2 денеска се во доброволна крводарителска акција што си ја организирале самите, во просториите на судот.
Акцијата иако е наша, вели портпаролката на Граѓанскиот суд Сања Томиќ Велкоски, е отворена за сите судии и вработени во судската администрација. Утринава се пријавиле 31 вработен од овој суд, но доброволното давање крв ќе трае до 14 часот.
Оваа акција е во соработка со Црвениот крст на општина Центар, а Основниот суд Скопје 2 ја организира по повод Денот на правосудството.
С. К. ДЕЛЕВСКА