СУДИЈАТА ЕЉВЕДИН ФЕРАТИ ОД ОСНОВЕН СУД ТЕТОВО СИ ГИ ПОПРАВАЛ ОЦЕНКИТЕ НА ТЕТОВСКИОТ УНИВЕРЗИТЕТ СО ПРЕЧКРТУВАЊЕ, УТВРДИ АНТИКОРУПЦИСКА

    СУДИЈАТА ЕЉВЕДИН ФЕРАТИ ОД ОСНОВЕН СУД ТЕТОВО СИ ГИ ПОПРАВАЛ ОЦЕНКИТЕ НА ТЕТОВСКИОТ УНИВЕРЗИТЕТ СО ПРЕЧКРТУВАЊЕ, УТВРДИ АНТИКОРУПЦИСКАВо Матичната книга на катедрата по право на Тетовскиот универзитет, кај Ферати имало поправено три оценки со пречкртување. - Антикорупциска комисија (Фото: МИА)

    Судијата Ељведин Ферати од Основниот суд Тетово, дипломиран во шестата генерација слушатели на Академијата за судии и јавни обвинители, се пријавил на тогашниот оглас со оценка 8,20, а во дипломата за завршени студии по право на Тетовскиот универзитет имал просек 7,88.

    Ова го открил Државниот просветен инспекторат, кој по налог на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), ја проверил документацијата на сите досегашни кандидати кои биле примени и дипломирале на Академијата за судии и јавни обвинители.

    Државниот инспекторат потоа влегол во Тетовскиот универзитет. Во Матичната книга на Катедрата по право, кај Ферати имало поправено три оценки со пречкртување.

    „Оценките биле пречкртани и поправени во повисоки, а притоа немало ни барања за преполагање на испити, ни пријави, ниту пак докази за преположување на трите испита. Државниот просветен инспекторат веднаш го извести надлежното Јавно обвинителство“, кажа на денешната седница претседателката на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска.

    Од пребарувањето што го направиле ДКСК, Просветниот инспекторат и Архивот на Македонија, утврдени се 400 уверенија 7/1, а за само 180 кредити, што ги издавал, за среќа, само Штуловиот универзитет.

    ДКСК не знае каде сè работат овие дипломирани млади луѓе на Штуловиот универзитет со вакви незаконски уверенија, а како што кажа Ивановска, добрата вест е што со фалсификувани оценки и со незаконски уверенија со недоволен број кредити, во Академијата за судии има само 3-4 изолирани случаи.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира