Судијката Оља Ристова од Основниот суд Скопје 1 му изрече казна од 1.000 евра на Еленко Миланов, адвокат на обвинетиот Исмет Гури, затоа што не дојде на денешното рочиште за предметот на СЈО „Титаник 3“ за изборни нерегуларности.
Во овој случај обвинет се координаторот на пратеничката група на ДУИ Ејуп Алими и Гури, кој за време на локалните избори бил член на општинската изборна комисија во Чаир.
Алими и Гури дојдоа на денешното рочиште, но тоа мораше да се одложи заради недоаѓањето на адвокатот. Претходно, „Титаник 3“ се одлагаше поради службени отсуства на Алими, поради што судијката Оља Ристова пиша официјален допис до претседателот на Собранието Талат Џафери.
С. К. ДЕЛЕВСКА