СУДОТ ЈА РАЗДВОИ ПОСТАПКАТА ЗА 27 АПРИЛ ЗА ОБВИНЕТ КОЈ Е ВО БОЛНИЦА ЗА ДА НЕ СЕ ОДОЛГОВЕКУВА СУДЕЊЕТО

    СУДОТ ЈА РАЗДВОИ ПОСТАПКАТА ЗА 27 АПРИЛ ЗА ОБВИНЕТ КОЈ Е ВО БОЛНИЦА ЗА ДА НЕ СЕ ОДОЛГОВЕКУВА СУДЕЊЕТОРаздвојувањето на постапката е на барање на обвинителката Вилма Русковска за да не се одолговлекува постапката за останатите лица, од кои дел се во притвор. - Од денешното судење за организираниот напад во Собранието (Фото: К. Попов)

    Судот ја раздвои постапката за обвинетиот Сашо Марковски, вработен во Министерството за внатрешни работи, на денешното рочиште за организираниот напад на Собранието на 27 април лани.

    На Марковски, еден од 33-цата обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, ќе му се суди во посебна постапка, бидејќи му е нарушена здравствената состојба и во моментов се наоѓа на лекување во болницата „8 Септември“. Поради болеста на Марковски беше одложено минатото судско рочиште.

    „Судот доби известување од болницата ’8 Септември‘ дека обвинетиот Сашо Марковски, поради нарушена здравствена состојба, треба да биде под постојан надзор“, рече судијката Добрила Кацарска.

    По ова, обвинителката Вилма Русковска побара издвојување на постапката против него, за да не се одолговлекува постапката за останатите лица, од кои дел се во притвор.

    Судијката Кацарска го прифати барањето на Русковска по што рочиштето продолжи со гледање видеоснимки од нападот во Собранието.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира