СУДОТ МУ ГО ОДЗЕДЕ ПАСОШОТ НА ЛАТАС, А ЗАЕДНО СО ЈУТЈУБЕРОТ ЛАЗАРОВ ДОБИЈА ЗАБРАНА ЗА ЈАВНИ НАСТАПИ

    СУДОТ МУ ГО ОДЗЕДЕ ПАСОШОТ НА ЛАТАС, А ЗАЕДНО СО ЈУТЈУБЕРОТ ЛАЗАРОВ ДОБИЈА ЗАБРАНА ЗА ЈАВНИ НАСТАПИОд судот денеска соопштија дека е оформен предмет кој согласно АКМИС системот е распредeлен на понатамошно постапување кај судија од одделот Кривично полнолетни. - Од интервјуто на Лазаров со Латас (Фото: Јутјуб/принтскрин)

    Основниот кривичен суд Скопје им одреди мерки на претпазливост на новинарот Драган Павловиќ-Латас и јутјуберот Стефан Лазаров, кои се обвинети за ширење расистички и ксенофобичен материјал, откако промовираа насилство врз жени во интервју минатата недела.

    Судот денеска соопшти дека на Латас му се определува превентивна мерка заради присуство на обвинетиот и тоа – Привремено одземање на патната исправа односно забрана за нејзино издавање и Забрана за преземање определени работни активности поврзани со кривичното дело односно Забрана за јавен настап со кој се промовира ширење расистички и ксенофобичен материјал, додека на Лазаров исто така му се определува мерка на претпазливост заради присуство на обвинетиот и тоа – Забрана за преземање определени работни активности поврзани со кривичното дело односно забрана за јавен настап со кој се промовира ширење расистички и ксенофобичен материјал.

    На 21 февруари, Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен предлог против новинарот Драган Павловиќ-Латас и јутуберот Стефан Лазаров, за кривично дело – Ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од член 394-г став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Двајцата се обвинети дека преку компјутерски систем, ширеле расистичка и ксенофобична репрезентација на идеја која промовира насилство спрема жени, со што предизвикале реакции и чувство на згрозеност и вознемиреност во јавноста.

    Од судот денеска соопштија дека е оформен предмет кој согласно АКМИС системот е распредeлен на понатамошно постапување кај судија од одделот Кривично полнолетни.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира