СУДОТ НЕ МОЖЕ ДА НАЈДЕ ОБВИНЕТ СОПРУГ НА СКОПСКА ОБВИНИТЕЛКА, ЗАШТО ОБВИНИТЕЛСТВОТО ДАЛО АДРЕСА ВО КИЧЕВО

    СУДОТ НЕ МОЖЕ ДА НАЈДЕ ОБВИНЕТ СОПРУГ НА СКОПСКА ОБВИНИТЕЛКА, ЗАШТО ОБВИНИТЕЛСТВОТО ДАЛО АДРЕСА ВО КИЧЕВОПратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски на денешното судење за „Моќник“. (Фото: К. Попов)

    Вецко Здравевски, обвинет поранешен член на Комисијата за лустрација, не дојде на денешното судење „Моќник” со Антонијо Милошоски, зашто на кичевската адреса на живеење, судскиот курир не го нашол. Судијката Ленка Давиткова рече дека за наредното ќе го бара на друга адреса во Ново Лисиче во Скопје.

    Обвинителката Фатиме Фетаи, незадоволна што обвинетиот знаел за денешното рочиште, а не дошол, на судијката ѝ остави и телефонски број ако треба да му се јави за наредното судење. Обвинителството ги доставува адресите на обвинетите, а потоа судот ги бара на тие податоци.

    Здравевски е сопруг на обвинителка од Скопското јавно обвинителство.

    Во „Моќник“ се обвинети вкупно 13 лица, вклучувајќи ги и пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски и татко му.

    Здравевски е обвинет во делот на лустрацијата на сега покојниот кичевски судија Драги Билески, извршена по налог на Антонијо Милошоски. Во бомбите се слушна како нарачува кај тогашниот претседател на Комисијата за лустрација Томе Аџиев да го лустрираат судијата Билески. Билески по лустрацијата и разрешувањето почина.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира