СУДОТ ОДРЕДИ ДОМАШЕН ПРИТВОР И ЗА ОСОМНИЧЕН ЗА НАСИЛНИОТ УПАД ВО М-НАВ КОЈ БЕШЕ ВО БЕГСТВО 8 ДЕНА

    СУДОТ ОДРЕДИ ДОМАШЕН ПРИТВОР И ЗА ОСОМНИЧЕН ЗА НАСИЛНИОТ УПАД ВО М-НАВ КОЈ БЕШЕ ВО БЕГСТВО 8 ДЕНАВо врска со насилниот упад во зградата на Контролната кула на Скопскиот аеродром на 4 јануари, кога физички беше нападнат контролор на летање, осум лица се осомничени за кривичното дело Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај. (Фото: СДК.МК)

    Основниот кривичен суд Скопје му одреди домашен притвор и на осомничениот за насилниот упад во М-НАВ, кој вчера беше фатен од полицијата по осум дена во бегство, соопшти Јавното обвинителство.

    Тој вчера беше уапсен на граничен премин и од обвинителството, од каде што бараа ефективен притвор за лицето, велат дека ќе се жалат на ваквата одлука.

    Претходно, за четворица осомничени за истиот случај, судот првично одреди поблаги мерки на претпазливост, а по жалба на обвинителството ја преиначи одлуката во домашен притвор.

    Во врска со насилниот упад во зградата на Контролната кула на Скопскиот аеродром на 4 јануари, кога беше физички нападнат контролор на летање, осум лица се осомничени за кривичното дело Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај, вклучувајќи го и претседателот на огранокот на ДУИ во Чаир, Беким Незири, кој е и вработен во М-НАВ.

    Тројца од осомничените сè уште се недостапни.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира