СУДСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА БАРА ПОВИСОКИ ПЛАТИ, НАЈАВИ ДЕКА ОД 1 СЕПТЕМВРИ НЕМА ДА ИЗДАВА УВЕРЕНИЈА

    СУДСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА БАРА ПОВИСОКИ ПЛАТИ, НАЈАВИ ДЕКА ОД 1 СЕПТЕМВРИ НЕМА ДА ИЗДАВА УВЕРЕНИЈАБараат за 30 отсто зголемување на платата, 15 илјади денари К-15 и 25 отсто додаток на плата. (Фото: СДК.МК)

    Вработените во судската администрацијата денеска излегоа на протести пред судовите низ државата барајќи  зголемување на платите и исплата на додатоци на плата. Ако не бидат земени предвид нивните барање, од 1 септември најавуваат одржување на генерален штрајк со блокирање улици и неиздавање уверенија за неосудуваност и други документи.

    Независниот синдикат на судската администрација информираше дека протестите во судовите се во знак на револт кон вчерашната одлука на министерот за финансии да не ја потпише одлуката на Судскиот буџетски совет за исплата на додатоци, наплата која беше донесена со одлука на 15 проценти и незадоволство од Министерството за финансии за нивните барања за покачување на плата од 30 проценти.

    „Се собравме за да ги поддржиме колегите од Синдикатот од Скопје. Се солидаризираме и сакаме да кажеме дека не сме задоволни со нашата плата. Бараме 30 отсто зголемување на платата и 15 илјади денари да биде К-15 и 25 отсто додаток на плата. Сè додека не се исполнат овие барања ние секој ден ќе протестираме пред Основен суд Тетово“, изјави Фадила Шкриељ, самостоен референт во Основниот суд во Тетово.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира