СУДСКИОТ СОВЕТ ГО ИСПИТУВА ПАТУВАЊЕТО НА СУДИЈАТА ЛАЗАР НАНЕВ НА ФУДБАЛСКИОТ НАТПРЕВАР ВО ПАЛЕРМО

    СУДСКИОТ СОВЕТ ГО ИСПИТУВА ПАТУВАЊЕТО НА СУДИЈАТА ЛАЗАР НАНЕВ НА ФУДБАЛСКИОТ НАТПРЕВАР ВО ПАЛЕРМОМинистерот Тупанчевски беше фатен од камерите во тв преносот како се радува на победоносниот гол на Александар Трајковски, а заедно со него во првиот ред од ложата за важни гости беа вишата јавна обвинителка Фатиме Фетаи и претседателот на Основниот суд Кавадарци Лазар Нанев. (Фото: Принтскрин од видео)

    Судскиот совет го испитува случајот кој деновиве ја разбранува јавноста во врска со присуството на фудбалскиот натпревар во Палермо на судијата Лазар Нанев, соопштија од Судскиот совет. Нанев на 24 март беше во ложата на стадионот во Палермо, каде што Македонија ја победи Италија со 1:0, заедно со министерот за правда Никола Тупанчевски и вишата јавна обвинителка Фатиме Фетаи. Од Судскиот совет велат дека го испитуваат случајот, тргнувајќи од нивните основни заложби за враќање на довербата на граѓаните во судството.

    „Судскиот совет денеска одржа работен состанок во врска со случајот ‘Палермо’ и присуството на фудбалскиот натпревар на судијата Лазар Нанев. Тргнувајќи од основните заложби на Судскиот совет за враќање на довербата на граѓаните во судството, а во рамките на своите законските овластувања, советот Во врска со евентуално прекршување на етичките норми напоменуваме дека во Здружението на судии постои Совет за етика чие мислење ќе го имаме предвид. Откако Судскиот совет ќе ги провери сите релевантни наводи за овој случај навремено ќе ја извести јавноста за понатамошните активности“, соопштија од Судскиот совет.
    Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) им обезбедува влезници и авионски превоз на своите гости на натпреварите на репрезентацијата на гостински терен.

    Судијата Нанев, кој е претседател на Основен суд Кавадарци, е долгогодишен фудбалски работник, поранешен член на Управниот одбор и други работни тела на ФФМ.

    И од Владата кажаа дека го следат случајот „Палермо“ во врска со патувањето на Тупанчевски и ќе утврдува дали е прекршен владиниот етички кодекс, а единствено не се огласи Советот на јавни обвинители.

    М. ИЛИОСКИ

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира