СУДСКИОТ СОВЕТ ЈА РАЗРЕШИ ВРХОВНАТА СУДИЈКА ЛИДИЈА НЕДЕЛКОВА

    СУДСКИОТ СОВЕТ ЈА РАЗРЕШИ ВРХОВНАТА СУДИЈКА ЛИДИЈА НЕДЕЛКОВАНеделкова има право на жалба на одлуката на Судскиот совет до Советот при Врховниот суд на Република Северна Македонија. (Фото: СДК.МК)

    Судскиот совет едногласно ја разреши од судиската функција врховната судијка Лидија Неделкова на денешната седница.

    По седницата, претседателот на Судскиот совет Киро Здравев за државната агенција МИА изјави дека Неделкова е разрешена и суспендирана, односно времено оддалечена од извршувањето на судиската функција до правосилноста на одлуката.

    Неделкова има право на жалба на одлуката на Судскиот совет до Советот при Врховниот суд на Република Северна Македонија. Како што кажа Здравев, таа е разрешена за ненавремено, немарно, несовесно извршување на нејзините работни обврски, повреда на Судскиот деловник односно Кодекс за судиска етика.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира