СУДСКИОТ СОВЕТ ВОНРЕДНО ЌЕ ГИ ОЦЕНУВА КАНДИДАТИТЕ ЗА СУДИИ И ПРЕТСЕДАТЕЛИ НА СУДОВИ

    СУДСКИОТ СОВЕТ ВОНРЕДНО ЌЕ ГИ ОЦЕНУВА КАНДИДАТИТЕ ЗА СУДИИ И ПРЕТСЕДАТЕЛИ НА СУДОВИПретседателот на судскиот совет Зоран Караџовски побара, а 10 колеги го поддржаа да ги отстрани новинарите од денешната седница кога ќе се зборува за Извештајот на Министерството за правда за злоупотребите со АКМИС системот. (архивска фотографија)

    Кандидатите за судии и за претседатели на судови вонредно ќе се оценуваат од Судскиот совет. Ќе се ревидира нивната работа и за 2017 година. Со тоа денеска Советот нема да бира претседател на Апелациониот суд Скопје, туку ќе назначи в.д., додека трае вонредното оценување.

    Експретседателката Александра Зафировска жестоко се спротивстави на вонредното оценување на судиите и за 2017 година, пред каков било нареден избор на судии. Според оценките од 2016 година, со кои конкурираат судиите сега во 2018 година, највисоки оценки имаат Владимир Панчевски, Ивица Стефановски, Верка Петковска и други тогашни ударни шпици на Кривичниот суд, кои беа распоредени на главните места во судот, кои носат најмногу бодови.

    „Овој предлог е задоцнет. Имаа време судиите да поднесат приговор ако не биле задоволни од оценувањето“, рече Зафировска.

    САКАМДАКАЖАМ.МК во повеќе наврати пренесе изјави на судии од Кривичниот суд кои се чувствуваа дискриминирани и приговараа на оценувањето, на честото менување на распоредот од експретседателите Владимир Панчевски и Татјана Михајлова, но Советот не реагираше. Зафировска, според она што го слушна јавноста од бомбите, пред изборот на судии се консултираше со тогашниот премиер Никола Груевски.

    На минатата седница Судскиот совет и го одби предлогот за вонредно оценување и за 2017 година на судијката од Основниот суд Скопје 1 Оља Ристова, која со распоредите за работа во 2016 година била дискриминирана и поради тоа не можела да го достигне максималниот број на бодови.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира