ДУИ донесе одлука за кандидат за претседател на Парламентот да го предложи Талат Џафери.
„По направените анализи и консултацијата со другите политички партии, одлучивме Џафери да биде кандидат не само на ДУИ, туку и на новото парламентарно мнозинство“, изјавија за САКАМДАКАЖАМ.МК од ДУИ.
Талат Џафери е поранешен министер за одбрана, пратеник и координатор на пратеничката група на ДУИ во повеќе пратенички мандати.
Од ДУИ очекуваат следната недела да почне процедурата за избор на Џафери за претседател на Собранието.