ТАЛАТ ЏАФЕРИ МОРА ДА СЕ ПОЧИТУВА, ПОРАЧА И ШВЕДСКА

    ТАЛАТ ЏАФЕРИ МОРА ДА СЕ ПОЧИТУВА, ПОРАЧА И ШВЕДСКАШведската министерка за надворешни работи Марго Валстром очекува формирање нова влада што е можно побрзо. (Фото: Шведска влада)

    Новоизбраниот собраниски спикер Талат Џафери мора да се почитува, соопшти шведското министерство за надворешни работи, пренесувајќи ја изјавата на министерката Марго Валстром. Таа вели дека новиот претседател на Собранието бил избран од парламентарното мнозинство и дека ќе соработува со него. Шведска го осудува насилството во Собранието и очекува формирање нова влада во Македонија што е можно побрзо.

    „Новоизбраниот собраниски спикер Талат Џафери мора да се почитува. Спикерот беше избран од парламентарното мнозинство и јас ќе соработувам со него. Шведска остро го осудува шокантното насилство што се случи по неговиот избор во четвртокот. Ова е целосно неприфатливо во демократија и одговорните мора да бидат изведени пред лицето на правдата. Следен чекор е формирање нова влада што е можно побрзо“, кажа Валстром во соопштението на шведското министерство за надворешни работи, додадвајќи дека вратата во ЕУ е отворена за Македонија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира