Талат Џафери останува претседател на Собранието, откако синоќа пратениците не ја изгласаа интерпелацијата поднесена од ВМРО-ДПМНЕ. Интерпелација за работењето на претседателот на Собранието не помина, оти 61 пратеник гласаше „против“, 43 гласаа „за“ и ниту еден воздржан. Во гласањето учествуваше и Џафери.
„Нема да дозволам да се узурпира овој дом. Овој дом припаѓа на народот. Јас сум растоварен од партиските обврски и настојувам таа моја определба да ја терам до крај… Комуникацијата продолжува со секој од вас што има волја да комуницира со мене како претседател на Собранието“, рече Џафери во обраќањето до пратениците по гласањето.