ТАЛЕВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА ПОТПИШУВА ДОКУМЕНТИ И ЈА ВОДИ БИТОЛА ОД КУЌЕН ПРИТВОР

a:1:{s:9:"td_source";s:24:"Скопје,(МЕТА)

    ТАЛЕВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА ПОТПИШУВА ДОКУМЕНТИ И ЈА ВОДИ БИТОЛА ОД КУЌЕН ПРИТВОР

    Немам сторено никакво кривично дело, не се чувствувам виновен и сметам дека не е коректно врз основа на еден телефонски разговор што го водат „некои двајца луѓе“ да се прават вакви конструкции. Ова денеска го изјави градоначалникот на општина Битола, Владимир Талески, првоосомничен во случајот „Транспортер“ по јавната седница во Апелацискиот суд, во врска со продолжувањето на куќниот притвор.

    Тој на јавната седница пристигна со полициско возило шкода „јети“ со двајца полицајци, без лисици на рацете.

    Градоначалникот одговарајќи на новинарско прашање потврди дека потпишува службени документи додека е во куќен притвор.

    „За жал, многу пријатно се изненадија моите соработници затоа што СЈО уште еднаш дојде да провери дали градоначалникот потпишува. Се разбира дека потпишувам и освен мерката куќен притвор, јас немам ниту една друга забрана“, рече Талески.

    Адвокатот на Талески, Никола Додевски, во образложението на жалбата пред тричлениот совет на Апелацискиот суд истакна дека, продолжувањето на мерката притвор била донесена врз основа на предлог од СЈО кој не и бил презентиран на одбраната со што бил прекршен законот, Конвенцијата за заштита на човековите права и принципот за еднаквост на оружјата на странките во постапката. Тој посочи дека во предлогот не биле наведени ниту доказите, ниту истражните дејствија што треба да ги преземе СЈО, а врз основа на кои бара куќен притвор.

     

    Обвинителот на СЈО, Трајче Пеливанов, во своето кратко излагање рече дека останува на предлогот за одредување на куќен притвор и на сите делови по кои е продолжена оваа мерка.

    Тој рече дека СЈО не само за овој, туку и за другите истражни и предистражни постапки кои ги води нема привилегирана положба и затоа апелира тоа да има ист третман како и другите институции во државата.

    Куќниот притвор на Талески истекува за два дена, на 20 август.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира