ТЕПАЧКА ВО ШУТО ОРИЗАРИ, МВР ПРИВЕДЕ ЕДНО ЛИЦЕ

    ТЕПАЧКА ВО ШУТО ОРИЗАРИ, МВР ПРИВЕДЕ ЕДНО ЛИЦЕМВР регистрирала и три случаи на фотографирање на избирачкото ливче и тоа во населбите Шуто Оризари, Црниче и во општина Пробиштип - Полиција во близина на избирачко место во Шуто Оризари (Фото: Ѓ. Личовски)

    Во населбата Шуто Оризари, за текот на изборниот ден едно лице било приведено поради учество во тепачка. Како што информираа од Министерството за внатрешни работи на улицата Метохиска едно лице било физички нападнато од повеќе лица, но сеуште не се знаат причините за тепачката.

    „Во текот на изборниот ден регистрирано е нарушување на јавниот ред и мир во Шуто Оризари. МВР веднаш излезе на терен, едно лице е приведено во станица и се работи на расчистување на случајот кои се причините за тепачката“, рече на прес-конференција портпаролот на МВР Тони Ангеловски.

    До сега МВР регистрирала и три случаи на фотографирање на избирачкото ливче и избирачкото место и тоа во населбите Шуто Оризари, Црниче и во општина Пробиштип.

    Од МВР додаваат дека изборниот ден тече мирно без посериозни нарушувања на јавниот ред и мир.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари