Повеќе од 2.200 лица во Македонија боледуваат од мултипла склероза (МС), додека во светот има повеќе од три милиони лица. Многу е веројатно дека голем број лица остануваат недијаностицирани и многу животи се индиректно зафатени, рече Ана Карајанова-Димитрушева, претседателка на Национално здружение за помош и поддршка на лица со мултипла склероза, на денешното одбележување на Светскиот ден на оваа болест.
Карајанова-Димитрушева кажа дека повеќето лица со МС се дијагностицираат на возраст од 20 до 40 години. Секојдневно пациентите се соочуваат со бројни предизвици, како на пример ограничениот пристап до МРИ дијагностика, како и немањето можност за подигнување или примање терапија надвор од Клиниката за неврологија.
Според анкетата на Здружението, огромно мнозинство пациенти веруваат дека дисперзијата на терапијата директно ќе го подобри нивниот квалитет на живот, а огромното мнозинство пациенти се изјасниле дека сакаат да ја примаат или подигнуваат својата терапија поблиску до домот.
Директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ) Сашо Клековски рече дека околу 700 лица кои се на терапија, 230 се на биолошка терапија, 450 се на друг вид терапија. Буџетотот е зголемен, од околку 250 милиони денари во 2024 година на 350 милиони денари во 2025.
„Со тоа се доводе до еден оптимум на болните на кои им треба биолошка терапија. На листата на чекање за вклучување на болни за лекување со биолошка терапија со четири различни генереки и прозводители се зголеми и буџетот за дополнителни 46 милиони денари. Втората работа со која разговаравме со Здружението е децентрализација на терапијата. Издавање на терапијата надвор од Клиниката за неврологија може да го ослесни пристапот на болните и во основа размислуваме за три болници, односно Клиники каде што има соодветни невролошки тимови. Тоа се Градската општа болница (ГОБ) ‘8 Септември’ во Скопје, болницата ‘Свети Еразмо’ во Охрид и Клиничката болница во Штип. За тоа се потребни административни и други подготовки, меѓутоа ќе се движиме во таа насока, во наредниот период терапијата да се дава надвор од клиниката во Скопје. Во овие три болници се вршат и клинички истражувања за МС и сметаме дека невролошките тимови се дораснати за оваа проблматика. Во однос на бањската рехабилитација ќе направиме мало административно олеснување, решенијата, упатите на пациентите со МС нема да бидат со важност од два месеци, туку ќе бидат со важност од шест месеци, за да обезбедиме една поголема флексибилност во искористување на можноста за физикална терапија. Ова ќе го направиме многу скоро. Најдоцна до следниот мај, можеби и порано да обезбедиме интерферон и да најдеме начин за дистрибуција до повеќе градови во македоинија, бидејќи имаме механизам, со инсулинските аптеки, преку кои се дистрибуира инсулинот да не би требало да биде некоја посебна наука за да го организираме тоа, а за биолошката терапија веќе најавив, таму каде што имаме солидни невролошки тимови ќе може да се организираме во догледно време да го направиме тоа“, кажа Клековски,
На настанаот присуствуваше и д-р Игор Кузмановски од Клиниката за неврологија, кој рече дека дијагностиката останува голем проблем во третманот на оваа болест.
„Јас во 2016 се борев да почнеме со високоактивна терапија и тогаш започнавме со третман со високоактивна терапија. Сега изненадуваат бројките од Фондот за проширување на број на пациенти. Тоа е за поздрав, но и лани реков, дијагностиката ни е сега голем проблем. Ни беше ветена магнетна резонанца на Неврологоја, која не се реализираше. За да го избереме правиот третман ни треба најточна дијагноза. Имаме сериозен проблем со дијагностика, многу поголем од треманот на МС“, рече д-р Кузмановски.
Б. НЕСТОРОСКА