Дополнителна административна проверка ќе се направи на 62.837 лица, а потоа, ако има потреба, и оваа група гласачи теренски ќе се проверува.
Административно ќе се проверат податоците и за 35.859 избирачи кои, најверојатно, се починати, а за 7.345 дополнително ќе се одлучи што понатаму.
За 124.027 гласачи кои се на привремена работа или престој во странство, нема да има проверки.
Седницата траеше неколку часа и помина во бурна атмосфера.
Претходно Игор Милев и Виолета Дума, членови на Државната изборна комисија од СДСМ, ја напуштија седницата на која едногласно беше изгласан извештајот од вкрстената проверка на која се појавија 310.000 спорни гласачи.