„ТИКВЕШ“ СО ЗЕЛЕНА ТЕХНОЛОГИЈА ЌЕ СЕ БОРИ ПРОТИВ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ

    „ТИКВЕШ“ СО ЗЕЛЕНА ТЕХНОЛОГИЈА ЌЕ СЕ БОРИ ПРОТИВ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИКомпанијата денеска го одбележа празникот на лозарите и винарите, Свети Трифун, со традиционално закројување на лозјата во Лепово. (Фото: Тиквеш)

    Винарската визба „Тиквеш“ е единствена од регионот што доби сребрено членство во групата „Меѓународни винарници за борба против климатските промени“ (IWCA  – Interational Wineries for Climate Action), со што се вбројува меѓу водечките светски винарници кои имаат цел да ги намалат јаглеродните емисии на нула најдоцна до 2050 година.  На денешното одбележување на празникот на лозарите и винарите, Свети Трифун, со традиционално закројување на лозјата во Лепово симболично беше означен почетокот на новата лозарска сезона и напорите за одржлива иднина на македонското винарство.

    „Иднината на лозарството мора да се гради врз основа на наука, стандарди и економски одржливи насади. Лидерската позиција на ‘Тиквеш’’ во земјава и регионот е резултат  токму на примената на иновации, дигитализација, алатки базирани на вештачка интелигенција и зелена технологија. За да бидеме поуспешни во нашите активности и со цел да се обезбеди одржливост и развој на целокупната винска индустрија, неопходна е долгорочна стратегија за секторот, која ќе биде креирана во партнерство со винарниците и останатите засегнати страни. Само така ќе можеме да одговориме на сѐ поголемите предизвици со кои се соочуваме како индустрија“, рече Светозар Јаневски, претседател на Управниот одбор на „Тиквеш“.

    Од компанијата велат дека „Тиквеш“ во континуитет инвестира во воведување напредни практики за производство на грозје и вино, користејќи ја експертизата на врвни реномирани експерти од Франција, Италија и Словенија.Винарницата соработува со врвни експерти од Франција, Италија и Словенија и постојано инвестира во модерни практики за производство на грозје и вино. Дел од стратегијата е и намалување на јаглеродниот отпечаток, со план целосно да се елиминира употребата на фосилни горива и да се користи енергија од обновливи извори.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира