Стотици студенти, заедно со нивните професори, декани и службеници вработени во ФИНКИ, Електротехнички, Машински, Технолошко-металуршки и други факултети, им оддадоа почит на загинатите 59 врсници, но и помлади од нив во катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март.
Студентите по 7-минутниот молк положија цвеќе на платото на техничките факултети во Скопје.
По 7-минутниот молк, немаше говор. Присутните во долги колони чекаа да го остават цвеќето и да запалат свеќи.