ТОДОРОВ СЕ ПОВЛЕКУВА ОД ПРАТЕНИЧКОТО МЕСТО

    ТОДОРОВ СЕ ПОВЛЕКУВА ОД ПРАТЕНИЧКОТО МЕСТОПратениците Никола Тодоров и Никола Груевски пред четири дена вршеа увид на фасадата на Битолската болница. (Фото: СДК.МК)

    Долгогодишниот министер за здравство на ВМРО-ДПМНЕ Никола Тодоров попладнево на Фејсбук објави дека си поднесува оставка на функцијата пратеник во Собранието. Во кусото образложение на социјалната мрежа, Тодоров вели дека планира во иднина да се посвети на адвокатската професија и да даде поголем придонес во партиските активности.

    „Имајќи во предвид дека планирам во иднина повеќе да се посветам на мојата основна професија како адвокат, како и да можам да дадам поголем придонес во партиските активности, дозволете ми да Ве информирам дека одлучив да поднесам оставка на функцијата пратеник во Собранието на Република Македонија“, напиша Тодоров на Фејсбук.

    Тодоров се уште е технички министер за здравство во владата на Емил Димитриев, а истовремено беше и пратеник по изборите на 11 декември. На неговото место во парламентот треба да дојде Невенка Стаменковска, која беше 10-та на пратеничката листа на ВМРО-ДПМНЕ  во втората изборна единица.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира