ТОДОРОВ СИМНА ОД ГОВОРНИЦА ХРВАТСКИ ПРОФЕСОР НА СИМПОЗИУМ ЗА КАНАБИС

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ТОДОРОВ СИМНА ОД ГОВОРНИЦА ХРВАТСКИ ПРОФЕСОР НА СИМПОЗИУМ ЗА КАНАБИС

    Потфрли протоколот на вториот симпозиум на Агенцијата за лекови и медицински помагала (МАЛМЕД), што вчера се отвори во Скопје. По поздравниот говор на Марија Дарковска Серафимовска, директорка на МАЛМЕД, беше најавено дека министерот за здравство Никола Тодоров, ќе одржи поздравен говор и официјално ќе го отвори дводневниот стручен симпозиум, на кој тема е легализација на канабисот во медицински цели во Македонија.

    Министерот, и покрај официјалната најава од протоколот, не се појави на говорницата бидејќи доцнеше на настанот. Потоа, од протоколот го најавија проф.д-р Владимир Тркуља од Институтот за фармакологија од Загреб, кој зборуваше за искуствата од употреба на канабиноиди за медицински цели во Хрватска. Но, неколку минути откако проф.Тркуља го почна излагањето, беше прекинат од протоколот, бидејќи министерот Тодоров конечно пристигна.

    „Оф, интервенција“, само кусо искоментира професор Тркуља и се повлече од говорницата, по што министерот Тодоров го оддржа поздравниот говор.

    Кога повторно беше најавен, проф. Тркуља рече: „Јас не сум на канабис, ама баш сум хај“, и беше поздравен со силен аплауз од учесниците на симпозиумот, на кој освен македонски фармаколози, фармацевти и лекари, имаше и гости од САД, Канада, Шпанија, Словенија. Симпозиумот завршува утре.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира