Едно лице е повредено во инцидентот што вечерва околу 20 часот се случил по завршување на маршот „За заедничка Македонија„ во центарот на Куманово. Според информации на луѓе кои учествувале на маршот, инцидентот го предизвикал претседателот на општинската организација на СДСМ Мартин Костовски, додека излегувал од зградата на Комитет, каде се наоѓа партиското седиште и налетал на колоната трактори кои биле паркирани на улицата. Тој почнал да вика и да ги навредува трактористите, по што со еден од нив и физички се пресметал.
На лице место излегла полицијата и ги привела Костовски, додека повредениот бил префрлен во болница. Од СДСМ најавија дека утре ќе излезат со официјална изјава.