ТРЕТООБВИНЕТОТО МОМЧЕ ЗА УБИСТВОТО НА НИКОЛА САЗДОВСКИ Е ЕКСТРАДИРАНО ВЧЕРА ОД ГЕРМАНИЈА И ОДНЕСЕНО ВО ШУТКА

    ТРЕТООБВИНЕТОТО МОМЧЕ ЗА УБИСТВОТО НА НИКОЛА САЗДОВСКИ Е ЕКСТРАДИРАНО ВЧЕРА ОД ГЕРМАНИЈА И ОДНЕСЕНО ВО ШУТКАЗа убиството, додека тој беше во бегство, во Основниот кривичен суд се одржа судски процес во кој Бесир Беља и Скендер Демири беа осудени на затворски казни во траење од по 19 години. (Фото: СДК.МК)

    Бегалецот Јетон Лужа, 21-годишното момче кое е третообвинето за убиството на врсникот Никола Саздовски, припадник на навивачката група „Комити“ , вчера е екстрадиран и тој веќе е сместен во истражниот затвор во Шутка, потврди Министерството за правда.

    Го уапсила германската полиција, по што бил ставен во екстрадиционен притвор, а вчера преку тамошното Министерство за правда, го екстрадирале во Македонија. Од Министетството за правда, во чија надлежност е екстрадицијата, викендов го организирале авиотранспортот на Лужа.

    За убиството, додека тој беше во бегство, во Основниот кривичен суд се одржа судски процес во кој Бесир Беља и Скендер Демири беа осудени на затворски казни во траење од по 19 години.

    Во моментот на сторување на тешкото кривично дело тие немале наполнето 21 година, па ја избегнаа доживотната казна затвор.

    Саздовски на 29 јуни 2018 година бил првин брутално претепан од трите момчиња, по што паднал во кома и не се разбудил. Обвинетите и адвокатите во текот на целиот судски процес тврдеа дека нема тука свирепо убиство, туку дека по нападот и тепањето, сега покојниот паднал на метална кутија на ЕВН, кој пад бил фатален за него да падне во кома и набргу да почине.

    Тој ден околу 17.45 часот на булеварот Александар Македонски во Скопје, на автобуската постојка пред фабриката Алкалоид, му пристапиле на Саздовски и му побарале лична карта. Откако оштетениот им ја покажал личната карта, го прашале: „Ти ли си тој Никола Саздовски што го викаат Саздо?“, по што физички го нападнале и практично го убиле.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира