ТРОЈЦА ЗАВРШИЈА ВО БОЛНИЦА ПО МАСОВНА ТЕПАЧКА ВО ГРАДСКИ АВТОБУС ВО СКОПЈЕ

    ТРОЈЦА ЗАВРШИЈА ВО БОЛНИЦА ПО МАСОВНА ТЕПАЧКА ВО ГРАДСКИ АВТОБУС ВО СКОПЈЕЕдно од лицата што учествувало во тепачката го фатило воланот на возачот, по што автобусот удрил во друг автобус што стоел на станицата (Фото: МЕТА)

    Три лица се повредени и два автобуси се оштетени при масовна тепачка автобуска станица на Бит пазар во Скопје ноќеска во Скопје, соопшти полицијата.

    Наводно, инцидентот го предизвикале навивачи кои се враќале од фудбалскиот натпревар меѓу Вардар и Реал Сосиедад, но МВР не ја потврди таа информација.

    Синоќа околу 9 часот неколку лица нападнале патници во двокатниот автобус додека стоел на станицата. Автобусот сообраќал на градската линија број 50.

    Според соопштението на МВР инцидентот почнал на горниот кат од автобусот каде што настанала тепачка, која потоа продолжила и на долниот кат. Едно од лицата што учествувало во тепачката го фатило воланот на возачот, по што автобусот удрил во друг автобус што стоел на станицата.

    Откако биле отворени вратите од автобусот, физичката пресметка продолжиле на постојката, а по интервенцијата на полицијата лицата се разбегале во различни правци.

    Во инцидентот повредени се три лица, кои со возила на итна медицинска помош се префрлени во Ургентниот центар.

    Полицијата привело едно лице.

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира