ТРОЈЦА КАДЕТИ ВО ЦЕНТАРОТ ЗА ОБУКА НА МВР СЕ ОНЕСВЕСТИЛЕ, ЗАТВОРЕНА КУЈНАТА ВО ИДРИЗОВО

    ТРОЈЦА КАДЕТИ ВО ЦЕНТАРОТ ЗА ОБУКА НА МВР СЕ ОНЕСВЕСТИЛЕ, ЗАТВОРЕНА КУЈНАТА ВО ИДРИЗОВООд Државниот санитарен и здравствен инспекторат изјавија дека земени се мостри од трпезаријата и од другите работни површини и дека кујната е затворена.- Од промоцијата на обуката на новите 654 полициски службеници од осми октомври 2016 година (Фото: МИА)

    Тројца курсисти на основната обука за полицаец утринава паднале во бесознание во Центарот за обука на министерството за внатрешни работи во Идризово.

    ОД МВР го потврдија настанот, но не кажаа дали се работи за труење со храна, само изјавија дека земени се мостри од објектот за исхрана и се дадени на испитување. Во соопштението од МВР стои дека на тегоби и вртоглавици се пожалиле уште неколку курсисти. Со едно амбулантно возило од итната медицинска помош, им биле  извршени прегледи на 38 слушатели. Тројца  од нив биле пренесени во Клинички центар, двајца од кадетите биле пуштени , додека едно лице е задржано на лекување.

    Од Државниот  санитарен и здравствен инспекторат изјавија дека се земени мостри од трпезаријата и од другите работни површини и дека кујната е затворена.

    “По пријава од Центарот за јавно здравје и од Клиниката за Инфективни болести дека во Центарот за обука на МВР Идризово има случаи на труење со храна, екипа на Државниот санитарен и здравствен инспекторат од подрачна служба Гази Баба, заедно со екипа од Агенцијата за храна и ветеринарство и од Центарот за јавно здравје направи увид. При тоа земени се мостри од работните површини во трпезаријата и кујната, а тие се записнички затворени додека не се добијат анализите од земените мостри, односно додека не се види за што точно се работи, бидејќи таму се подготвува храна за 620 питомци“, изјави  Џевџес  Шаќири, директор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

    Курсиситите со кои контактиравме ни рекоа дека постојано се жалат на лошата храна и многу стари конзерви, како и лошата хигиена во трпезаријата. Наводно, им било речено дека поради политичката ситуација може да се случи да ги пуштат дома на преспивање затоа што така ќе се заштеди на храна.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира