ЦЕНИТЕ НА ЛЕБОТ, ШЕЌЕРОТ, БРАШНОТО, МЕСОТО ЌЕ БИДАТ ЗАМРЗНАТИ ДО 28 ФЕВРУАРИ

    ЦЕНИТЕ НА ЛЕБОТ, ШЕЌЕРОТ, БРАШНОТО, МЕСОТО ЌЕ БИДАТ ЗАМРЗНАТИ ДО 28 ФЕВРУАРИОваа владина интервентна мерка на пазарот почна да се применува од 6 декември лани. (Фото: СДК.МК)

    До 28 февруари остануваат замрзнати цените на лебот, шеќерот, брашното, сончогледовото масло за јадење, трајното млеко, свежо месо и сувомеснати производи, сирење и урда, ориз, јајца и тестенини, одлучи Владата на денешната седница.

    Со оваа одлука, највисоките цени на основните прехранбени производи остануваат на нивото на редовните цени кои се применувале лани на 1 декември во трговијата на големо и на мало, при што се исклучуваат цените на попуст кои важеле тогаш. Оваа интервентна мерка на пазарот почна да се применува од 6 декември лани.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира