УАПСЕНИ ДВАЈЦА ОСОМНИЧЕНИ ЗА МАЛТРЕТИРАЊЕ И НЕХУМАН ТРЕТМАН ВО ДОМОВИ ЗА СТАРИ ЛИЦА ВО СКОПЈЕ, ПРЕТРЕС ВО 6 ДОМОВИ

    УАПСЕНИ ДВАЈЦА ОСОМНИЧЕНИ ЗА МАЛТРЕТИРАЊЕ И НЕХУМАН ТРЕТМАН ВО ДОМОВИ ЗА СТАРИ ЛИЦА ВО СКОПЈЕ, ПРЕТРЕС ВО 6 ДОМОВИПретресени се 4, а денеска претресите продолжуваат во уште два дома за стари лица во Скопје.(Фото: СДК.МК)

    По добиени сознанија за можен нехуман третман на стари лица – корисници на услуги за вонсемејна заштита, Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје во координација со Министерството за внатрешни работи (МВР), Единицата за економски и компјутерски криминал, презема активности за расчистување на случајот и досега се уапсени две лица.

    „Откако беа прибрани доволно информации кои ги потврдуваат основите на сомнение, вчера беа извршени претреси на четири локации поврзани со две приватни установи за социјална заштита на стари лица. Денеска се вршат претреси на уште две поврзани локации. До овој момент две лица се лишени од слобода. На местото, покрај претставниците од МВР и Обвинителството, присуствуваат и инспектори од Министерството за социјална политика, демографија и млади, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Државниот инспекторат за труд, како и инспектори од Агенцијата за храна и ветеринарство. Во акцијата се вклучени и претставници од Центрите за јавно здравје, доктори од Итната медицинска помош и од Институтот за судска медицина и криминалистика“, соопшти ОЈО Скопје.

    Институциите продолжуваат со активности за утврдување на сите правно релевантни факти и евентуална одговорност во случајот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира