УАПСЕНИОТ СОВЕТНИК НА СПАСОВСКИ МУ ДОЈАВИЛ НА ОСОМНИЧЕН ДЕКА Е ПОД ПОСЕБНИ ИСТРАЖНИ МЕРКИ

    УАПСЕНИОТ СОВЕТНИК НА СПАСОВСКИ МУ ДОЈАВИЛ НА ОСОМНИЧЕН ДЕКА Е ПОД ПОСЕБНИ ИСТРАЖНИ МЕРКИМВР не дава детали околу сослушувањето, а обвинителството најави соопштение во текот на денот. - Основно јавно обвинителство (Фото: СДК.МК)

    Скопското јавно обвинителство го сомничи Д. С., уапсениот советник на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, за злоупотреба на службената положба и овластувања затоа што пробил посебна истражна мерка која што се спроведувала на друг осомничен.

    Кривичното дело, советникот на Спасовски се сомничи дека го направил месецов. Како што потврдуваат извори од истрагата за САКАМДАКАЖАМ. МК, не станува збор за порано направено кривично дело, туку за актуелно.

    Уапсениот ноќта ја поминал во полициската станица во Кисела вода. МВР не дава детали околу сослушувањето, а обвинителството најави соопштение во текот на денот. Не е познато дали за Д. С. ќе има предлог за мерка притвор или други мерки на претпазливост.

    Тој е долгогодишен вработен во МВР, а советник во министерскиот кабинет станал по доаѓањето на Спасовски на функцијата.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира