Градоначалникот на Општина Боговиње Хазби Идризи утринава почина откако бил застрелан од огнено оружје, потврди МВР.
Во 10.45 часот, тој бил донесен во болницата во Тетово, кадешто му била констатирана смрт. Убиството го извршил Абази Ќани (1964) од Боговиње, кој по настанот се обидел да се самоубие, испукувајќи еден куршум од огнено оружје во пределот на десната слепоочница и во животна опасност е пренесен во Клиничкиот центар во Скопје. Неофицијално, убиецот е поранешен вработен во Општина Боговиње, во меѓувреме отпуштен.